X
 18.06.2024 Технологија

„Опенридс“ - бесплатна апликација за креирање лична библиотека

Сите оние кои претпочитаат читање печатени книги, наспроти сè попопуларните и присутни е-книги, и бараат начин да ја организираат својата лична библиотека на едноставен начин, како и да водат статистичка евиденција за книгите што ги читале, прочитале и имаат намера да читаат, тогаш дефинитивно треба да ја пробаат „Оупенридс“.

Тоа е апликација со отворен код, која го овозможува сето она што го споменавме и каде што сè се сведува на создавање листа на книги, откако ќе се формира лична библиотека. Додавањето книги во библиотеката е прилично едноставно, а покрај тоа што може рачно да се додаваат книги со пополнување на бараните информации, можно е да се пребаруваат во каталогот „Отворена библиотека“ и на тој начин лесно да се додадат, а има и опција за додавање на книгите со скенирање на баркод.

Откако ќе се додадат книгите, можно е за секоја книга да се означи дали книгата е прочитана, се чита или ќе се чита. Она што ја прави оваа апликација уште поинтересна, секако се статистичките податоци кои ќе бидат прикажани доколку се користи редовно (и колку повеќе се читаат книги), а има и некои предизвици кои го поттикнуваат самото читање.

Исто така, погодно е креираната лична библиотека да може да се зачува и на тој начин да се направи резервна копија, а исто така е корисно резервната копија да се внесе подоцна. Поддржан е и увоз од други сервиси и апликации („Гудридс“ и „БукВирм“). Секако, има и други детали и ситници, а бидејќи се работи за апликација со отворен код, нема ограничувања, не се прикажуваат реклами, па самата апликација може да се користи бесплатно.

Извор: bug.hr

Фото: Play store screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија