X
 05.01.2015 Здравје

На кој начин електрониката влијае на сонот и здравјето?

Зошто електрониката не припаѓа во спалната соба? Дали често гледате телевизија или го користите телефонот пред спиење? Можеби затоа не спиете добро.

Повеќе истражувања покажале дека електронските уреди, впрочем, може да го украдат сонот од децата и возрасните. Проблемот е поголем кога овие уреди се користат во спалната соба. На кој начин електрониката влијае на сонот и здравјето?

Сината светлина го спречува лачењето мелатонин

Електронските уреди како телевизорите, телефоните, таблетите, компјутерите, па дури и ЛЕД-светлата испуштаат сина светлина, која е многу важна кога се работи за сонот. Неодамнешно истражување од истражувачи од „Харвард“ и Универзитетот во Торонто откриле дека сината светлина го спречува лачењето мелатонин, хормон кој предизвикува сонливост.

Вашиот ум е буден

Електронските уреди како таблетите, лаптопите, телефоните и телевизорите го стимулираат умот за работа наместо спиење. Неодамнешно норвешко истражување ги поврзало користењето компјутери и мобилни телефони пред спиење со несоницата.

Освен тоа, 10% до 20% од младите луѓе признаваат дека се будат повеќепати поради својот телефон, а 26% признаваат дека пишуваат пораки во текот на ноќта откако биле разбудени.

Зголемување на телесната тежина

Тежината и дебелината зависат од повеќе фактори, но спиењето е еден голем. Две посебни истражувања покажале дека луѓето кои спијат помалку и имаат непостојано спиење имаат поголеми шанси за зголемување на телесната тежина со текот на времето.

Помала продуктивност

Австралиско истражување на тинејџери открива дека поголемата употреба на електронски уреди се поврзува со повеќе проблеми во спиењето и будење подоцна. Ова, пак, се поврзува со послабо помнење, полошо донесување одлуки, дневен умор и повеќе здравствени проблеми со текот на времето.

Дали ова се доволно причини за да се ослободите од електрониката во спалната соба?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје