X
 18.09.2021 Живот

Ова се 4 начини на кои вистински ќе се одморите од обврските

Не сите активности што ги правиме во слободно време еднакво нè опуштаат и релаксираат. Некои, на пример, користењето социјални мрежи, може повеќе да ве исцрпат отколку да ве одморат.

Истражувачите со години го проучувале начинот на кој луѓето се одмораат и успеале да откријат кои активности најмногу го одмораат организмот и прават да се чувствуваме исполнети. Тие предлагаат четири активности за квалитетно користење на слободното време.

Одете во природа

Многу истражувања го докажале тоа што веќе го знаеме, а тоа е дека шетањето во природа е добро за нас. Некои истражувања дури откриле дека уживањето во природата позитивно влијае врз нашето краткорочно помнење.

Не плашете се да мечтаете

Не треба секогаш да бидете совршено концентрирани и подготвени за акција, туку понекогаш треба да им дозволите на мислите да одлетаат. Во моментите на мечтаење ќе откриете што навистина ви е важно во животот и ќе ги формулирате целите за иднината. Освен тоа, мечтаењето опушта.


Фото: Pixabay

Одморете ги очите од екраните

Одморот ќе биде поквалитетен доколку го поминувате подалеку од екраните. Ова е особено точно ако работите на компјутер. Обидете се барем еден викенд во две недели да го поминете без да гледате во екран.

Вежбајте

Физичката активност не е добра само за вашето тело, туку и за менталното здравје. Вежбањето ни овозможува да ја исфрлиме негативната енергија на конструктивен начин и да го исчистиме умот од вишокот информации. Освен тоа, научно е докажано дека луѓето се чувствуваат подобро по тренинг, без разлика со какви проблеми се соочуваат.

Извор: DDL
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот