„Junior position. 2 years of experience required.“
- Реченица што веројатно му е добро позната на секој млад човек кој барем еднаш пребарувал огласи за својата прва работа.
Позицијата е почетна, но листата на барања често не звучи така. Работно искуство, познавање алатки, работа на реални проекти, способност за самостојно решавање задачи, тимска работа, комуникациски вештини... И сосема логично се појавува прашањето: ако ова треба да биде мојата прва работа, каде требаше да го стекнам сето тоа искуство?
Но, што навистина бараат компаниите кога бараат „искуство“ од кандидат кој допрва ја започнува својата кариера?
Кога во огласот стои „една до две години искуство“, лесно е тоа да се прочита како едноставна бројка. Но, зад неа најчесто стои нешто многу пошироко, очекување кандидатот веќе да има чувство за тоа како функционира реалната работна средина.
Дел од очекувањата се: Да разбира што значи рок. Да знае како се комуницира со тим. Да може да прими повратна информација и да ја примени. Да постави прашање кога нешто не му е јасно, но и самостојно да побара решение.
Со други зборови, компаниите не бараат само што знаеш. Тие сè почесто сакаат да видат
дали знаеш што да направиш со тоа знаење.
Пазарот сè почесто очекува искуството да започне уште пред првата работа.
Токму тука се случува една од поголемите промени на современиот пазар на труд.
Со години логиката беше релативно едноставна: прво учиш, потоа добиваш прва работа, а таму постепено стекнуваш искуство.
Денес, границата меѓу учењето и работата станува сè помалку јасна. Од младите кандидати сè почесто се очекува уште пред првото вработување да имаат барем некакво практично искуство во реална професионална средина или комуникација со реален клиент — проект, пракса, портфолио и сл. Тоа е дел и од пошироката промена во која entry-level позициите стануваат поконкурентни, а практичното искуство и способноста за реална примена добиваат сè поголема тежина.
Тука, проблемот повеќе не е само како да научиш. Туку: каде да ја добиеш првата реална шанса да го примениш тоа што си го научил? И токму затоа, можеби треба да се промени и начинот на кој размислуваме за образованието.
Низ годините станавме сведоци на тоа дека сè повеќе современи образовни модели ја внесуваат практиката во самиот процес на учење, наместо да ја оставаат за периодот по дипломирањето. Но, од оваа година, на нашиот пазар се појавува и нов пристап кој го адресира овој нов пазарен предизвик со цел да понуди решение.
Тоа е
Avenga Academy, која во својот модел на учење, покрај практичната работа во рамки на програмите, им овозможува на студентите да стекнат искуство и
преку меѓународна онлајн пракса, работејќи во реална професионална средина и со интернационални тимови.
Тука целта не е студентот да излезе од образованието како „сениор“. Ниту, пак, од млад човек треба да се очекува да знае сè на своето прво работно место. Но, може да излезе со прво реално професионално искуство зад себе што понатаму може да го претвори во доказ за својата подготвеност.
Со тоа, во следната апликација за работа таа ставка не е само доказ за „завршена едукација“. Туку конкретен проект и реален ангажман за кој ќе зборува на интервју. Пример, за тоа како работел во тим, како решил реален проблем, како реагирал на фидбек или што научил од работата со луѓе од друга професионална средина.
Токму тука практичното искуство ја добива својата вистинска вредност: не само како нешто што си го поминал, туку како нешто што можеш да го покажеш, објасниш и искористиш за следната можност.
Затоа, пред првата работа можеби немаш две години стаж, но можеш да имаш нешто подеднакво вредно - реално искуство, повисока самодоверба, чувство за професионална средина и доказ дека знаењето умееш да го примениш во пракса.
И тогаш, првиот работен ден повеќе не е твојата прва средба со реална професионална средина. И првата работа не е почеток на искуството, туку негов следен чекор.
(Комерцијална објава)