Бројот на заби што некој ги изгубил може да предивди колку долго некој ќе живее. Но исто така, укажува и на болестите што некој ги има или кон кои е подложен.
Луѓето кои ги имаат своите заби до 74 година од животот, имаат шанса да живеат и 100 години, вели новото истражување на оваа тема. Оние кои до 65 години изгубиле пет или повеќе заби, веројатно ќе патат од сериозни здравствени проблеми како кардиоваскуларни болести, дијабетес, остеопороза. Сето ова е поврзано со квалитетот на животот на поединци и социоекономскиот статус, но и стресот.
- Луѓето можат да ги изгубат забите поради стресни и трауматични ситуации, лоша орална хигиена, воспалителни заболувања на непцата или пушење. Сето тоа може да биде поврзано со срцеви заболувања или дијабетес - вели д-р Нигле Картер од Здружението за стоматолошко здравје.
Ова истражување всушност сугерира дека губењето на забите е показател за лошиот квалитет на некој дел од човечкиот живот и зголемен ризик од сериозни здравствени проблеми, објаснува д-р Картел.
Експертите истакнуваат дека е неопходно да се мијат забите двапати дневно со паста со флуроид и потребно е да се намали внесот на шеќер.
И покрај сите преземени мерки, треба да се обрне внимание на „однесувањето“ на
забите, бидејќи тие се меѓу првите показатели за здравствен проблем.