Бројот на ајкули кај источниот брег на Австралија се намалува во последните 55 години и има многу мали знаци на закрепнување, покажува истражување објавено во „Комјуникејшнс бајолоџи“.
Анализите покажуваат дека бројот на крајбрежни ајкули и понатаму опаѓа, што е контрадикторно на популарните теории за зголемување на населението.
Крис Браун од Институтот за австралиските реки од Универзитетот „Грифит“ вели дека резултатите покажуваат постојани и распространети опаѓања на бројот на ајкули-тигри, бели ајкули и ајкули-чекани по должината на брегот на австралиската сојузна држава Квинсленд.
- Бевме изненадени колку беа брзи тие опаѓања. Моравме да користиме специјални статистички методи за соодветно да ги оцениме опаѓањата бидејќи се случија многу брзо. Исто така, бевме изненадени кога дознавме дека опаѓањата се постојани во различни региони - вели Браун.
Тој додава дека ајкулите се значаен дел од
идентитетот на Австралија.
- Тие се тука стотици милиони години, преживувајќи го и исчезнувањето на диносаурусите. Би било голема трагедија ако ги загубиме овие видови поради човечки причини кои може да се спречат. Ајкулите играат голема улога како предатори во екосистемите и тие се индикатори за здрави екосистеми. Овие опаѓања се загрижувачки затоа што сугерираат дека и здравјето на крајбрежните екосистеми се влошува - истакнува Крис.