X
 18.12.2020 Наука

Регистриран радиосигнал што доаѓа од планета надвор од Сончевиот Систем

Научници од универзитетот „Корнел“ го забележале првиот радиосигнал што доаѓа од планета надвор од нашиот Сончев Систем. Сепак, веројатно не станува збор за вонземјани.

Според истражувањето, регистрирањето радиосигнали од егзопланети е од големо значење за научниците кои истражуваат планети на кои би бил возможен живот. Најновото откритие е поврзано со егзопланета која кружи многу блиску до својата ѕвезда во соѕвездието Ботес.

Научниците што стојат зад истражувањето велат дека треба да потврдат дека оваа планета е извор на радиосигналот што бил регистриран со радиотелескоп во Холандија. Доколку се во право, овој радиосигнал би можел да открие дали оваа планета има магнетосфера како онаа што ја заштитува Земјата.


Фото: Pixabay

Астрономот Реј Џајавардана во соопштение за медиуми вели дека доколку се потврдат претпоставките, тоа ќе отвори нов прозорец кон егзопланетите и ќе ни понуди нов начин за истражување на далечните планети.

Магнетното поле на Земјата ја штити од опасно космичко зрачење, но забележувањето радиосигнали испратени од магнетно поле на друга планета не е гаранција дека на таа планета би можело да се живее.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука