X
 11.04.2017 Наука

Податоци од 14 милиони научни трудови ќе бидат достапни бесплатно

„The Initiative of Open Citations“ објавиле дека референтната листа на научни трудови од сега ќе биде достапна на секого.



Како што објасниле на нивната веб страница „цитатите се линковите што ги испреплетуваат нашите научни и културни знаења. Тие се примарни информации кои обезбедуваат и потекло и објаснување за тоа како ги знаеме фактите.“

Иницијативата започнала минатата година од „Wikimedia Foundation“ , заедно со уште пет други партнери, кои работаат со 29 издавачи кои ќе обезбедат пристап до 14 милиони документи.

Научните издавачи ќе депонираат информации на „Crossref“, непрофитна организација формирана во 2000 година. Вакви информации до сега беа достапни само преку „Web of Science“ и „Scopus“, но не бесплатно, а само еден процент од информациите беа достапни бесплатно. Сега, преку „The Initiative of Open Citations“, таа бројка се зголемува на 40 проценти, а целта е да се достигне 100 проценти застапени бесплатни информации.

На иницијативата ќе се приклучат голем број издавачи и организации кои поседуваат информации. Целта е да се креира лесно достапна база на податоци која ќе им послужи на сите за истражување, идеи и нови знаења.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука