Пол Херу, градоначалник на Атлборо, град во американската сојузна држава Масачусетс, неодамна бил на 12-дневно патување низ 24 земји во САД заедно со своето куче.
На пат тргнал со 10-годишната Мура откако дознал дека е тешко болна од леукемија и дека ќе живее уште неколку месеци.
Кога ја дознал тажната вест, Пол го откажал своето патување на Блискиот Исток за да може да го искористи секој ден со својата најдобра пријателка.
Тие заедно минале повеќе од 10.000 километри. На овој начин Пол сакал да ѝ се оддолжи за безусловната љубов што ја добивал во изминатите десет години.
- Мура е дел од мојата фамилија и е најскапоценото суштество што постои за мене. Дури и на работа одеше со мене. Беше тука и во добро и во зло - истакнува тој.
Пол и Мура биле во Британска Колумбија, Канада, Калифорнија, го посетиле Големиот Кањон, Нијагарските Водопади, мостот Голден гејт, Холивуд и националниот парк Јелоустоун.
Стасале дури и до местото каде што била родена Мура, во
Калифорнија.
- Тоа беше како да сме се вратиле дома за да ги посетиме старите пријатели. Сите ми рекоа дека треба да ѝ ги овозможам најубавите последни месеци од животот и тоа и ќе го направам - истакнува Пол.