X
 19.04.2022 Живот

Штрајкот продолжува - нема ништо ново помеѓу СОНК и Владата

Првиот човек на синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков вели дека добил одговор од министерот за образование дека зголемувањето на платите од 10 отсто не може да биде ни за процент повеќе.

Штрајкот во образованието и натаму продолжува откако Владата и Самостојниот синдикат за образование наука и култура не договорија покачување кое што би бил прифатливо за вработените во градинките, основните и средните училишта.

Јаким Неделков, претседателот на СОНК потврди дека денеска телефонски разговарал со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, но договор за прекин нема.

-Во разговорот не е понуден нов процент на покачување на платите од веќе понудените 10 отсто - изјави Неделков за медиумите.

Тој го пренесе ставот на министерот за образование и наука Шаќири, кој телефонски му рекол дека не може да се очекува поголемо покачување од веќе понуденото. Толку е и не може ни процент понатаму да се оди, рекол министерот.

Неделков вели дека се разговара и за другите барања кои се доставени писмено до министерството и за нив да се расправа на Влада, а тоа е усогласување на платите согласно Колективниот договор наредните две години, да се планира буџетот за 2023 и 2024 година, потпишување колективни договори со што ќе се регулираат некои други прашања.

Во меѓувреме, МОН соопшти дека министерот за образование Јетон Шаќири рекол дека министерството и Владата се подготвени во секој момент да ги продолжат преговорите со СОНК за да се најде излез од ситуацијата која не оди во прилог на учениците.

Се обидовме и пред неколку дена понудивме зголемување на платите на наставниците за 10% или во износ од 2.500 денари, но за жал, советот на СОНК одлучи тој предлог да не го прифати, вели Шаќири и додава - ова најголемо покачување на платите во образованието во последните неколку години, кое Владата го понуди иако се наоѓаме во услови на голема економска и здравствена криза, се вели во соопштението од МОН.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот