Американските рибари што ловат остриги заработуваат така што ги враќаат во океанот тие што ги фатиле.
Во првата половина од 2020 г. рибарите во Нова Англија немале купувачи за остригите што го ловеле бидејќи речиси сите остриги ги продавале на рестораните, а тие се затвориле поради пандемијата. Сепак, благодарение на една иницијатива, тие сега заработуваат без да ги продаваат остригите.
Програмата СОАР (англ. SOAR - Supporting Oyster Aquaculture and Restoration) за поддржување на аквакултурата и обновувањето на остригите има цел да ги обнови гребените на школките на 20 локации во Нова Англија и на други места во САД.
Затоа, поддржувачите на програмата, меѓу кои има и повеќе федерални агенции, купуваат 5 милиони остриги и им плаќаат на рибарите да ги фрлат на гребените кои се осиромашени за да ги обноват. Остригите се размножуваат на гребените и помагаат во чистењето на водата.
Програмата е водена од непрофитната еколошка група „Нејчр консерванси“ во соработка со невладината организација „Пју черитабле трастс“.
Автор: Долорес Катанич
Извор:
euronews.com
Фото: Pixabay