X
 16.12.2023 Наука

Халеевата комета го започна своето 38-годишно патување назад кон Земјата

Халеевата комета е еден од најфасцинантните астрономски настани досега, со записи кои датираат од пред илјада години. Последен пат била видлива од Земјата во 1986 година и бидејќи доаѓа на секои 75 до 79 години, нејзиното следно појавување ќе се случи во јули 2061 година. Од 8 декември 2023 година Халеевата комета патува назад низ Сончевиот Систем кон Земјата.

Кометата патува околу Сонцето во срамнета елипсовидна орбита што ја носи надвор од надворешните граници на Сончевиот Систем, пред да ја врати веднаш околу Сонцето. И по децении патување подалеку од нашата ѕвезда, таа стигна до најдалечната точка на својата орбита, позната и како апсида. Сместена на 5 милијарди километри оддалеченост од Сонцето, таа е приближно 759 милиони километри подалеку од орбитата на Нептун. Последен пат Халеевата комета била во оваа точка од својата орбита во април 1948 година.

Сега кога Халеевата комета е на пат назад, тоа значи дека првпат по речиси 38 години ќе се приближи до Сонцето. Во моментов има брзина од 0,909 километри во секунда, или околу 3.273 километри на час, што се очекува да се зголеми како што се приближува до внатрешноста на Сончевиот Систем.

- Во согласност со вториот Кеплеровиот закон за движење, небесното тело се движи најбрзо кога е во перихел и најбавно во апсида - пишува Џо Рао од „Спејс“. Значи, штом Халеевата комета ќе помине низ апсида, нејзината орбитална брзина ќе почне да се зголемува - на почетокот многу бавно - на својот пат кон Сонцето.

Халеевата комета последен пат достигна перихел (нејзината најблиска точка до Сонцето) на 9 февруари 1986 година, а во таа точка повторно ќе биде на 28 јули 2061 година. Бидејќи кометата ќе биде на истата страна од Сонцето како и Земјата во лето, ќе биде најмалку 10 пати посветла отколку пред 38 години.

Бидејќи Халеевата комета првпат била фотографирана при нејзиното појавување во 1910 година, а првпат била проучувана со сонда 76 години подоцна, можеме само да замислиме какви технолошки достигнувања ќе бидат достапни за научниците следниот пат кога кометата повторно ќе се појави.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука