Вашата одлука да станете програмер сама по себе е голем чекор на кој многу луѓе не се спремни. Некои предвидуваат дека во одреден момент во иднина вештините на програмирањето ќе станат задолжителни и во многу непрограмерски кариери.
Ако сакате да започнете кариера во програмерската индустрија, за самиот почеток не е важно која платформа или јазик ќе го изберете. Но, има некои други многу важни одлуки.
1. Изберете програмерска дисциплина
Одлучете дали сакате да развивате веб-технологии, мобилни апликации, да се занимавате со развој на сервер или да пишувате десктоп-апликации.
2. Изберете јазик кој се однесува на вашата дисциплина
Кога веќе сте се одлучиле за дисциплина која ве интересира, изберете и јазик кој се однесува на неа и почнете да го запознавате.
3. Истражете ги својот занает и можностите
Пронајдете блогови, текстови, видеоматеријал кој објаснува за занаетот и почнете да ги учите основите. Можете да пронајдете и едукативни програми, класични или во онлајн-варијанта.
4. Пронајдете ментор
Менторите со кои сте во постојана комуникација можат да ви помогнат на два начина: поради нивното искуство, ќе ви помогнат да пронајдете и да применувате најдобри практики, а ако имаат мрежа од свои луѓе, би можеле да ве упатат на можни идни шанси, соработка, вработување и слично.
5. Експериментирајте со други јазици
Ако наидете на бариера при работата со еден јазик, причината може да биде тоа што најверојатно ќе ви биде полесно со друг јазик. Кога ги разбирате техниките на еден програмски јазик, примената на идеите на друг јазик е тривијална.
6. Направете сè за да станете подобри
Секогаш трудете се да станете подобри, и лично и професионално. Обидете се да пишувате кодови и експериментирајте со нови начини за автоматизација.
7. Секогаш учете најмалку два јазика или технологии
Иако е добро да почнете со учење на еден јазик, не би требало да сопрете тука. Би требало да знаете макар два јазика, во случај еден од нив да застари. Совладајте ги сите вештини што можете.
8. Програмирајте лични проекти
Како што стекнувате нови знаења и вештини, така е добро да се вклучувате во нови проекти и тие вештини да ги примените во пракса. Таквата работа значи непроценливо искуство.