X
 26.07.2017 Живот

Фотографија од конзервативна водителка предизвика бес кај иранската јавност

Азадех Намдари, водителка од иранската државна телевизија, се најде на мета на критики откако во јавноста излегле фотографии од нејзиниот годишен одмор во Швајцарија.

iranka
Фото: Facebook

Азадех во родниот Иран жестоко ја брани тезата дека секоја добра муслиманка не смее да ги покажува телото и косата, а во Европа е фотографирана без хиџаб на главата додека пие пиво - нешто што во исламот е строго забрането.

Намдари е обвинета за лицемерие од страна на иранските власти, а таа во одбрана вели дека била во друштво на најблиските.

„Седев во парк со членовите од потесното семејство, а жената покрај нив не мора да биде покриена. Неколку секунди пред да настане спорната фотографија, направена од непозната личност, шамијата ми падна од главата, но ја носев“, изјави Намдари, а притоа не го искоментира шишето пиво што го држела в рака.

foto

Нејзиното објаснување уште повеќе ја налути иранската јавност.

„Од каде ѝ е правото да проповеда нешто во кое ни самата не верува? Каква лажлива и лицемерна жена. Прави со себе што сакаш, но престани да правиш будала од нас, немој да го исмејуваш сопствениот народ“, се само некои од коментарите што Намдари ги добила на социјалните мрежи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот