X
 19.10.2023 Култура

Најдобрите српски серии од овој век

Српските серии отсекогаш биле популарни во нашата земја, а често ги освојуваат и критичарите, како и пошироката публика. Српскиот медиум „Лола магазин“ состави листа со најдобрите српски серии што имале премиера во 21 век според оцени на веб-страницата Ај-ем-ди-би.

На прво место со оцена од 9,4 се наоѓа „Државна работа“ (Državni posao). Во оваа серија тројца жители на Нови Сад имаат лудории на својата работа во архива. Серијата има над 2.000 епизоди.


На второ место е „Утрото ќе смени сѐ“ (Jutro će promeniti sve), серија која на свеж и оригинален начин зборува за проблемите на луѓето во доцните дваесетти години.


На трето место е „Сенки над Балканот“ (Senke nad Balkanom), во која се испреплетуваат историски ликови и измислени настани, а во центарот е полициски тандем кој ги решава случаите, интерпретирани од Драган Бјелогрлиќ и Андрија Кузмановиќ.


10 најдобри српски серии од 21 век според Ај-ем-ди-би

1. „Државна работа“ (Državni posao)
2. „Утрото ќе смени сѐ" (Jutro će promeniti sve)
3. „Сенки над Балканот“ (Senke nad Balkanom)
4. „Беса“ (Besa)
5. „Коски“ (Kosti)
6. „Корени“ (Koreni)
7. „Месо“ (Meso)
8. „Калап“ (Kalup)
9. „Монтевидео, Бог те видео!“ (Montevideo, Bog te video)
10. „Државен службеник“ (Državni službenik)

Извор: Lola magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура