X
 19.11.2017 Наука

Дали милениумците се нарциси?

Дали сите „милениумци“ (луѓе родени после 1980 година) се нарциси? Поткрепени со бескрајна можност за самопромоција и саморефлекција на социјалните медиуми, во комбинација со пошироката култура која става голем акцент на важноста на самодовербата отколку на учењето, младите луѓе денес се многу поразлични од претходните генерации и може да се каже дека тие се нарциси и себични.

Сепак, психолозите се поделени. Некои велат дека доказот дека младите станале „генерација јас“ е огромен, додека други велат дека тоа не е вистина. Во меѓувреме се појавуваат повеќе охрабрувачки докази кои ги покажуваат позитивните трендови во тоа како нашата личност се менува со текот на времето, слични на начинот на кој интелигенцијата се зголемувала во текот на генерациите.

Дали кај нарцисите е поголема веројатноста да прават селфи фотографии или самата селфи-култура создава нарциси?

Најгласниот поборник на ставот дека младите денес се нарциси и егоцентрични отколку било која друга генерација, е психологот Жан Твенге од државниот универзитет во Сан Диего, Калифорнија, кој ја проучува оваа промена веќе 15 години.

Твенге верува дека порастот на нарцизмот има свои корени во културните промени, особено со зголемениот фокус на индивидуализмот низ последните неколку децении. На пример, со родителите и општеството како целина, денес се става поголема вредност врз индивидуалните постигнувања на младите отколку врз нивната граѓанска должност.

Друга можна теорија е поврзана со таканареченото „движење за самодоверба“ - идејата дека многу од општественит проблеми, од зависност од дрога до насилство, може да се поврзи со луѓе со ниска самодоверба. За жал, многу истражувања покажале дека ова едноставно не е точно. Сепак, благодарение на ова движење, особено во текот на 80-тите и 90-тите години, биле направени напори за заштита на младите од негативни повратни информации, како што се слабите оценки, поради страв дека може да ја оштети нивната самодоверба. Во исто време, се негувала самодовербата и чувството на „посебност“.

mileniumci
Фото: Freepik

Голем дел од случајот на Жан Твенге е базиран на „нарцистички инвентар на личноста“, мерка која бара од луѓето да изберат 40 пара само-описни предмети, од кои едниот е нарцистички во тонот („Ќе бидам успешен“), а другиот не е („Се грижам за успехот“). Истражувањата на Твенге покажуваат дека резултатите се зголемиле кај американските студенти со текот на времето. На пример, таа и нејзините колеги откриле дека меѓу групата од 2009 година, речиси две третини од додипломците биле повеќе нарцисоидни отколку просекот во групата од 1982 година.

„Во моментот, доказите јасно го поддржуваат ставот дека денешната млада генерација (родена после 1980 година), во споредба со претходните генерации, повеќе е „Генерација јас“ отколку „Генерација ние“.

Сепак, постојат научници кои не се согласуваат со ова тврдење. Меѓу нив е и Џефри Арнет од Универзитетот Кларк. Тој тврди дека американските студенти не претставуваат репрезентативци за младите луѓе како целина, а и ги изразува и неговите сомнежи дали инвентарот на нарцистичката личност навистина го мери нарцизмот.

Цитирајќи го фактот дека кај младите луѓе денес поголема е веројатноста да волонтираат и да бидат толерантни кон различностите, Арнет вели дека неговото гледиште е токму спротивно од тоа на Твенге: денес, младите луѓе не само што се помалку нарциси, туку се и исклучително великодушна генерација која ветува подобрување во светот.

Сепак, Твенге и нејзините колеги се убедени дека нарцизмот е во пораст. Меѓу другото, тие откриле дека поновите поп песни содржат повеќе зборови што се однесуваат на авто-фокусираноста во споредба со хитовите од 80-те и дека имаат повеќе индивидуалистички зборови и фрази, како што се „Јас сум посебен“. Дури и се шпекулира дека ова е причината зошто честите имиња повеќе не ги користат родителите за нивните деца.

Со толку многу дебатирање фокусирано на нарцизмот, дали е можно тој да предизвикува нашите личности да се менуваат на позитивно? Всушност, има добри вести. Научниците со години знаат дека стануваме попаметни, од околу IQ поени по деценија.

Ова се нарекува ефектот на Флин, по Џејмс Флин, академик од Нов Зеланд, кој прв ја измислил идејата. Годините на поединечни подобрувања придонеле за значително зголемување на резултатите од тестовите за интелигенцијата од 1930 година до денес. Објаснувањата се движат од падот на заразни болести до подобро образование, но сега научниците се прашуваат дали сличен ефект ги оформува и карактеристиките на личноста.

Финско истражување спроведено оваа година вели дека ова може да е вистина. Истражувачите, предводени од Маркус Јокела на Универзитетот во Хелсинки, ги анализирале податоците за личноста од половина милион воени регрути родени помеѓу 1962 и 1976 година, собрани додека биле на возраст од 18 до 19 години. Јокела и неговите колеги објавиле дека со текот на времето, последователните групи постигнале повисоки резултати кога станува збор за особини поврзани со екстроверцијата, како што е дружељубивоста и енергичноста, и особини поврзани со свеста како што се настојувањето и залагањето за подобри резултати.

Интересно, тие пронашле докази за зголемена самодоверба. Ова може да го потврди истражувањето за зголемувањето на нарцизмот и тоа дали оваа самодоверба се гледа како здрава или не.

Се чини дека можеби е точно дека младите луѓе денес се посигурни во себе отколку претходните генерации. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука