X
 19.11.2020 Живот

Лебот рустика на „Жито Лукс“ повторно достапен

Најголемиот македонски производител од мелничко-пекарската индустрија - „Жито Лукс“ внесува уште еден производ во своето портфолио. Станува збор за лебот рустика од линијата фурнаџиски лебови, кој повторно е достапен во продажните места на производите на компанијата.

Лебот рустика, омилен на многу генерации, е рачно направен од пченично и 'ржано брашно по стариот, традиционален рецепт. Задржан е и оригиналниот изглед, со препознатливата распукана кора, посипан со брашно, како и карактеристичниот вкус на домашен леб, тукушто излезен од фурна.



„Лебот рустика претставува одлично надополнување на секој оброк и секоја семејна трпеза. Сега, во време кога почесто сме дома и повторно се собираме околу семејната трпеза, речиси исто како некогаш, со овој леб се навраќаме на мирисот и вкусот од детството. Нашата компанија и во ова време, кое налага вонредни услови на функционирање и работа, се стреми и ќе продолжи понатаму да се стреми кон обезбедување врвен квалитет и вкус за нашите потрошувачи, со цел на ниедна трпеза да не изостануваат лебовите на „Жито Лукс“, велат од компанијата.



(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот