X
 19.11.2020 Живот

На кинескиот црн пазар веќе се продаваат вакцини против коронавирусот

Сè поголем број Кинези се вакцинираат со една од неколкуте вакцини против Ковид-19 и покрај фактот дека за ниедна од нив не е официјално докажано дека е безбедна, пренесуваат американските медиуми.

Луѓето со часови чекаат во редици за да ја примаат вакцината. Всушност, според известувањата, препродавачите со пристап до фармацевтската индустрија наплаќаат помеѓу 600 и 1.500 долари за една инјекција.

- Некои луѓе беа особено благодарни затоа што им помогнав - вели еден од препродавачите.

Други ја добиваат вакцината преку легитимни канали, иако тие обично мора да кажат дека треба да патуваат службено за да ја добијат.

- Ми олесна сега кога имам заштита - вели Итан Жанг, 26-годишен преведувач.

Три од четирите вакцини-кандидати стигнаа до третата фаза од испитувањата, тестирајќи ги на десетици илјади владини службеници. Тие испитувања сè уште не се завршени, но Пекинг притиска за брзо решение.

Во меѓувреме, во САД има сосема поинаков проблем - сè поголем дел од населението не сака да се вакцинира, барем не со некоја од првите достапни вакцини. Недовербата во САД околу вакцинацијата во последно време многу се зголеми.

За две вакцини-кандидати неодамна беше објавено дека имаат ефикасност поголема од 90 отсто, според резултатите од прелиминарната трета фаза, но дистрибуцијата и достапноста остануваат под знак прашалник, надвор од волјата на луѓето да се вакцинираат.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот