X
 20.02.2026 Живот

Новата колекција на Бекутан во „Светот на Биби“ започна регионална експанзија

Новата колекција на Бекутан во соработка со „Светот на Биби“ официјално излезе надвор од границите на Македонија и започна со продажба на регионалните пазари.

Производите веќе се достапни во маркетите на „Меркатор“ во Србија и во „Конзум“ во Босна и Херцеговина. Во наредниот период продажбата ќе се проширува и во другите држави каде што е присутен брендот „Светот на Биби“.



Оваа регионална експанзија претставува значаен чекор во развојот на брендот, кој веќе има воспоставено силно присуство надвор од Македонија: Србија преку Декси ТВ, Италија преку Телеком Италија, Хрватска преку најголемиот регионален детски канал РТЛ Коцкица, Босна и Херцеговина преку националниот ТВ сервис БХТВ, Бугарија, наскоро и во Словенија и во повеќе земји од Централноисточна Европа.

Соработката со Бекутан претставува спој на два бренда кои со години градат доверба кај родителите и децата. Бекутан е препознатлив регионален бренд со долгогодишна традиција во производството на детска козметика, познат по своите дерматолошки тестирани и безбедни производи наменети за нежната детска кожа.



- Регионалната достапност на оваа колекција е потврда дека македонскиот креативен и детски бренд може успешно да се позиционира и надвор од националните граници - изјавуваат од тимот на „Светот на Биби“.



Со оваа експанзија, „Светот на Биби“ продолжува да ја гради својата позиција како еден од водечките детски брендови во регионот, комбинирајќи едукативна содржина, лиценцирани производи и стратешки партнерства со реномирани компании.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот