X
 20.03.2020 Живот

Жичница на височина од 1.800 метри нуди поглед што го одзема здивот

Дали сте слушнале за „Кабрио“?

Станува збор за жичница со отворен покрив која оди до 1.849 метри високиот врв на планината Штанзерхорн во Швајцарија, со која се овозможува прекрасен поглед на кантонот Нидвалден во средиштето на земјата.

1
Фото: Instagram

„Кабрио“ има два ката - долниот дел е целосно затворен и направен од стакло за патниците да можат да уживаат во неверојатната глетка, а горниот кат е посебен „балкон“ за оние најхрабрите, а нуди место за 30 луѓе.

Жичницата почнува од станицата Калти, која се издигнува на 711 метри, а до која може да се стигне со воз од селото Штанц. Овој воз е во функција уште од 1893 година, а порано одел до врвот.

2
Фото: Instagram

Жичницата почнала да работи во 2012 година, за на туристите да им се понуди една поинаква димензија на уживање во природната швајцарска убавина.

3
Фото: Instagram

4
Фото: Instagram

На врвот од планината порано имало хотел, но изгорел во голем пожар во текот на 70-тите години. Денес тука има ресторан со неверојатен панорамски поглед на околината.

Извор: B92
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот