Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно одлука од деканатската управа, организира мирен протест на 21.3.2024 со почеток од 12 часот пред зградата на Владата на РСМ, соопштија од факултетот.
Оттаму најавуваат дека на протестот ќе се одржи 25. редовна седница на Наставно-научниот совет на факултетот.
-Со цел укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот, започнуваме со серија на мирни протести, сѐ до остварување на целта. Воедно ги повикуваме сите лица што сакаат да го поддржат факултетот во остварување на нашето барање се добредојдени - стои во соопштението.
Инаку, од ФИНКИ во понеделникот побараа
дислоцирање на БРО и привремено обезбедување простории за работа на најбројниот факултет во земјава, на кој студираат повеќе од 5.000 студенти, а кој 13 години работи во
8 различни објекти.
БРО на тоа одговорија дека бараат дислоцирање на ФИНКИ и трајно решавање на проблемот.