Рускиот претседател е еден од најконтроверзните политичари на денешницата. Често го сметаат за диктатор, но тој е јак играч во политиката и лидер на модерна Русија. Познато е дека сака музика, но не само руска, го сака и бендот „Битлси“. Иако поголемиот дел од неговиот живот е поврзан со политиката, тој никогаш не изгубил интерес за другите дисциплини во животот. Без разлика дали ви се допаѓа или не, мора да признаете дека Путин е исклучителна
личност.
Еве неколку интересни факти за него.
Путин сака историја и антиквитети
Рускиот претседател е познат колекционер на антиквитети и уметнички дела. Неговиот фантастичен вкус го натерал да купи многу бесценети предмети. Тој не е заинтересиран само за купување, туку и за истражување на историјата на предметите и на местата. Тој е заинтересиран и за нуркање, па во 2013 година нуркаше со подморница. Ги истражуваше остатоците од поморска фрегата. Во 2015 година Путин со мини-подморница ги истражуваше остатоците од византиски трговски брод од десетиот век.
Тоа се случи додека рускиот претседател беше во посета на Крим. Беше импресиониран од искуството. Иако беше критикуван од светските медиуми, изгледаше дека е многу среќен.
„Епл“ направи часовник за него
Кој не би сакал да има часовник на „Епл“ посветен на него? Дури и Путин беше импресиониран кога „Епл“ му направи часовник. Има само 999 копии од часовникот. Тоа е позлатен часовник кој чини околу 3.000 долари.
Една семејна приказна го поврзува со Ленин
Има една приказна што го поврзува Путин со Ленин. Неговиот дедо Спиридон Иванович Путин одиграл изненадувачка улога во животот на Ленин, а потоа и во животот на Сталин. Грешите ако мислите дека тој бил политичар. Тој работел како готвач во куќата на Ленин. Неговата работа била толку добра, што подоцна бил најмен и како готвач на Сталин. Поради овој факт, тој подоцна бил обучуван од Народниот комесаријат за внатрешни работи (НКВД), претходникот на Комитетот за државна безбедност (КГБ). Неговиот внук, а сегашен претседател на Русија, подоцна стана еден од најпознатите агенти на КГБ.
Путин е полиглот
Путин зборува неколку јазици. Општо е познато дека рускиот претседател течно зборува германски бидејќи се верува дека работел како агент на КГБ во Германија. Кога германската канцеларка Ангела Меркел беше во Русија во 2013 година, тој се однесуваше како толкувач. Путин зборува и англиски, разбира полски и украински. При посетите во Ерменија тој се однесува како многу добро да го разбира и ерменскиот јазик.
Го сака спортот
Путин не е само фан на спортот, туку тој вежбал и многу дисциплини во животот. Почнал да учи џудо кога имал 11 години. Освен во борачки вештини, тој ужива и во нуркање, риболов, хокеј на мраз, јавање, скијање и други спортови.