Секогаш кога на интернет ќе се појави фотографија или снимка од некој политичар како прави сосема вообичаени нешта, сите сме воодушевени. Така е и со последната приказна што се појави на интернет.
Имено, пред неколку недели некој го снимил финскиот претседател Саули Нинисте на саем на книги во градот Турку, каде што бил да го слушне говорот на својата сопруга.
Тој малку задоцнил на настанот, па сите столчиња веќе биле зафатени. Но, тоа не му било пречка бидејќи тој едноставно си седнал на скалите, каде што веќе седеле некои луѓе за кои немало место.
На луѓето тоа им било многу симпатично, а наводно некои посетители му понудиле и да седне на нивното столче, но тој љубезно ги одбил. Им рекол дека му е прилично удобно на скалите бидејќи можел да си замине кога сака. Сепак, изгледа му било интересно бидејќи не го
направил тоа.
Инаку, ова е истиот претседател кој по средба со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ од Сплит за Хелсинки патуваше со нискобуџетна компанија и седеше во економска класа.