X
 20.04.2021 Култура

„Годината кога Земјата се промени“ - нов документарец за дивиот свет со Дејвид Атенборо

Во чест на Денот на планетата Земја, кој се одбележува на 22 април, објавен е новиот документарец наречен „Годината кога Земјата се промени“. Наратор во документарецот е повеќекратниот наградуван новинар Дејвид Атенборо.

Во продукција на Би-би-си, сега достапен на „Епл тв+“, документарецот прикажува ексклузивни снимки од целиот свет по невидената година на каранти низ светот.

- Во текот на оваа најтешка година многу луѓе ги преиспитаа вредноста и убавината на природниот свет и од него примија огромна утеха. Но, заклучувањето создаде и уникатен експеримент. Помалку бучава, помалку испарувања во воздухот... Суштествата околу нас во голема мера процветаа минатата година - вели Атенборо.

Особено китовите. Тие многу полесно можеле да им вокализираат на своите млади, а во близина немало бродови. Родителите можеле да патуваат подалеку за да се хранат, знаејќи дека нивните млади можат да ги слушнат. Некои од звуците што ги слушнале научниците за време на карантинот не ги слушнале никогаш претходно.

Од комуницирање на китовите на нов начин, слушање на новите песни на птиците во градовите, до средбата со капибара во предградијата на Јужна Америка, луѓето од целиот свет имаа шанса да бидат дел од природата како никогаш претходно.

Во едночасовниот документарец гледачите можат да видат што може да се постигне со затворање на плажите неколку дена во годината и како тоа може да влијае врз природата.

- Приказните за тоа како реагирал дивиот свет покажаа дека дури и малите промени во она што го правиме можат да направат голема разлика.



Извор: Good News Network
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура