X
 12.12.2020 Живот

Не, повеќе не патува на факултет. Има 90 години и тажна старост: Ова е Селма од култната песна на „Бијело дугме“

Познатата група „Бијело дугме“ има многу хитови, но се чини дека песната „Селма“ е една од песните што кријат една од најромантичните љубовни приказни. Песната „Селма“ ја напишал Владо Дијак, посветувајќи ја на својата девојка Селма Бориќ во која бил заљубен.

Селма и денес е жива, има 90 години и живее во Загреб.

Во една емисија, Селма објасни дека во 1949 година кога имала 19 години, го запознала Владо, кој бил вљубен во неа. Таа родум е од Зеница, но одела во Втората женска гимназија во Сараево. Често во текот на викендот патувала дома со воз, па еднаш Владо ја сретнал и е понудил да ѝ го носи малиот темноцрвен куфер до железничката станица.

Ја испратил до возот, а прозорецот покрај кој седнала бил скршен. Тој ѝ дофрлил: - Селма, не се наведнувај преку прозорецот.

По оваа средба, Владо напишал песна која подоцна ја отпеал Жељко Бебек.

Дури во 1962 година нејзиниот татко ѝ го испратил весникот во кој била објавена песната „Селма“. Никој не ѝ верувал дека токму таа е Селма од песната. Првпат Селма ги слушнала „Бијело дугме“ како ја изведуваат песната во 1975 година во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

Владо никогаш јавно не ја признал љубовта кон неа.

Селма вели дека денес е многу осамена. Речиси секој новинар што ќе ѝ се јави, таа го кани во Загреб.

- Осамена сум како старица. Би сакала да дојдете во Загреб... Ретко патувам. Неодамна ми почина и сестра Нура-Марија во Мостар, па сѐ помалку се луѓето со кои го поминав животот. Одам во продавници, разговарам со познаници и тоа е сѐ - раскажа таа за еден српски портал.



Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот