Прокредит банка направи уште еден чекор во дигитализацијата на своите процеси со цел на своите клиенти да им понуди уште побрзи, поедноставни и побезбедни услуги.
Банката воведува нова услуга - отворање платежна сметка и услуги без потреба од посета на банка, по пат на електронска идентификација и дигитално потпишување на договори преку апликацијата OneID. Ова значи дека секое физичко лице што првпат отвора сметка во банката, може да го направи тоа целосно онлајн, од која било локација и во кое било време.
- Како пионери во дигитализацијата на банкарството, остануваме посветени на иновации и континуирано унапредување на услугите и дигиталните решенија, следејќи ги динамиката и потребите на современите клиенти кои ценат едноставни, флексибилни, брзи и безбедни решенија.
Како одговор на тоа, имплементиравме нова функционалност со која отворањето сметка преку веб-страницата на Банката ќе биде уште полесно и побрзо. Со интегрирање на услугите што ги нуди мобилната апликација OneID, идентификувањето ќе се спроведува преку шема за електронска идентификација, а потпишувањето договори ќе се спроведува со користење квалификуван дигитален потпис, обезбедувајќи беспрекорно и ефикасно искуство - велат од Прокредит банка.
OneID е услуга на KIBSTrust која Прокредит банка ја интегрира во своите процеси, а која гарантира високо ниво на безбедност и заштита на податоците на клиентите. Дополнително, услугата е бесплатна за сите корисници.
Прокредит банка ги поканува сите клиенти да ја доживеат иднината на банкарството со насмевка благодарение на ова безбедно, едноставно и целосно дигитално решение.
(Комерцијална објава)