Глобалното затоплување ги менува животните услови низ Европа, а тоа го видоа и Грците, каде што огромна област со зеленило била целосно покриена со пајажина.
Топлите временски услови, влажната клима и доволното храна за преживување предизвика експлозија од бројот на инсекти како што се комарците. Тие, пак, се омилена храна на пајаците кои прилично се размножија во Западна Грција. Грчкиот остров Аитолико нуди ретка глетка од мрежи од пајаци што достигнуваат должина до 300 метри. Цели генерации на пајаците од видот тетрагната се појавиле благодарение на поволните услови за живот, а овој тип пајаци е познат по своите спектакуларни мрежи во сезоната на парење.
- Се чини дека пајаците ја искористуваат можноста што им ја нудат овие услови и се забавуваат. Се парат, репродуцираат и овозможуваат цела нова генерација. Тие не се опасни за луѓето и нема да предизвикаат никаква штета врз флората од ова подрачје. По „забавата“,
пајаците и онака релативно брзо ќе изумрат - вели грчкиот биолог Мариа Чацаки.