„Моето детство, мојата земја: 20 години во Авганистан“ е документарец кој го следи животот на едно момче во Авганистан. Се чини дека ова дело е брутален, очаен и тажен придружник на филмот „Детство“ режиран од Ричард Линклејтер.
Корежисерите на „Моето детство, мојата земја“, Фил Грабски и Шоаиб Шарифи, првпат почнале да го снимаат Мир Хусеин на 7-годишна возраст во 2002 година и оттогаш не престанале, па документарецот го прикажува Мир од времето на неговото детство до денес, оженет со три деца во Кабул.
Приказната почнува во 2002 година, една година по 11 септември. Американските трупи слетуваат во Авганистан. 7-годишниот Мир живее со семејството во пештера во Бамијан, откако побегнале од нивното село. Семејството е многу сиромашно, но малиот Мир се смее и се кикоти додека на режисерите им ја покажува неговата „детска соба“ во пештерата. Тој се насмевнува додека борбен авион поминува над нивните глави.
- Мислевме дека Американците ќе ја обноват нашата земја - се сеќава Мир, без трошка горчина.
Во 2004 година е малку поголем, живее во неговиот роден град каде што оди на училиште. Мир вели дека сака да биде претседател или директор кога ќе порасне. Но, тогаш неговиот татко се разболува, па мора да работи: прво на полињата, а потоа во рудник за јаглен. Мир е снаодлив, издржлив и секогаш оптимист за иднината на својата земја.
Станува збор за интимен и болен документарец.
- Никогаш не сум доживеал среќен живот поради војната и талибанците - вели Мир во 2020 година.
Филмот завршува пред страшната криза што ја зафати земјата по повлекувањето на војниците и преземањето на контролата од страна на талибанците.
Фото: Screenshot/YouTube