X
 20.12.2019 Образование

Шилегов ја разреши директорката на „Карев“

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов со решение ја разреши директорката на гимназијата „Никола Карев“, Горица Илијоска, откако многу медиуми и социјални мрежи ја пренесоа снимката како им се заканува на учениците ако излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

„Само Никола Карев протестира, нема настава! За последиците не ви гарантирам“, им вели таа (во видеото поставено на Јутјуб) на учениците што се собрани во холот на училиштето и ја бојкотираат наставата во знак на револт поради загадениот воздух. По нејзината изјава, учениците ја исвиркаа. Видеото, кое е поставено на „Јутјуб“, го објави фејсбук-групата „Средношколски глас“.

Петре Шилегов / Фото: Википедија

- Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани - почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Стоиме зад сечие право на протест и слободно мислење и нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест - пишува во соопштението на Град Скопје.

Горица Илијоска / Фото: МИА

Во соопштението се вели дека правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото.
- Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предничат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно. Токму заради иднината на нашите млади – пишува во соопштението.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование