Претераното седење е проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Сепак, некои работни места едноставно бараат да поминете многу часови на столот.
Кога седите подолго време, протокот на крв во целото тело не е оптимален, а тоа со текот на времето може да влијае врз кардиоваскуларното здравје. Меѓутоа, постојат некои работи што може да ја подобрат циркулацијата на крвта и да ги спречат негативните ефекти од седењето.
Истегнување
Експертите препорачуваат вежби за истегнување, како ротација на глуждовите и зглобовите. Ротирањето за 360 степени е многу ефикасно за циркулацијата на крвта до стапалата и рацете. Вежбите за глуждовите може да се прават стоејќи (со подигнување на петите и прстите) или седејќи. Доколку имате доволно простор, обидете се со вежби за истегнување на коленото, кои ќе ја подобрат циркулацијата во долните екстремитети.
Пешачење
Многу експерти се согласуваат дека пешачењето е еден од најдобрите начини за подобрување на циркулацијата. Доколку долго работите седнати на стол, станете и раздвижете се.
Фото: Pixabay
Храна за срце
Постојат одредени намирници што може да ја подобрат работата на срцето. Цитрусното овошје содржи антиоксиданси и флавоноиди кои се здрави за човекот.
Лукот и кромидот имаат антивоспалителни својства, но и ја подобруваат циркулацијата.
Се препорачува и јадење мрсна риба која содржи омега-3 масни киселини, како лосос, скуша и сардина. Овие риби се добри за крвните садови и целокупното кардиоваскуларно здравје.
Извор:
Nezavisne
Насловна фотографија: Freepik