Родителите постојано „им одржуваат лекции“ на своите деца – не тепај се со брат ти, работи напорно, кажувај ја вистината, облечи чиста облека…
Но, кои поуки навистина ќе им послужат во животот? Што е она што се издвојува од другото? Порталот „Патеос“ објави топ-4 листа поврзана со тоа.
Одмерени и правилни постапки, дури и ако тие не се „популарни“
Прифаќањето на лудориите на „популарните“ другарчиња заради подобро вклопување во околината, како и поистоветувањето со контроверзните славни личности, многу лесно може младата личност во развој да ја насочи во погрешен правец на самоидентификација.
Биди свој и не споредувај ги своите способности со туѓите
Не споредувајте го детето дури ни со повозрасните членови на семејството. Така кај него се јакне чувството на оригиналност и самодоверба, а се минимизираат љубомората и фрустрациите подоцна во животот.
Почитувај го соговорникот
Човекот од најмали нозе треба да знае дека со личноста спроти него секогаш треба да се однесува со почит, трпение и достоинство.
Никогаш не откажувај се
Упорноста и вербата околу она што искрено се сака, на овој или на оној начин, секогаш се исплатуваат. Животот носи многу подеми и падови, но станувањето по секој пад нѐ прави помудри, поумешни, поискусни и посилни.
Извор: МИА