X
 25.07.2018 Живот

Најдобрите и најостроумните лекции од Буда: „Никој повеќе не ја заслужува вашата љубов отколку вие самите“

Постојат толку многу лекции што можеме да ги научиме од Буда, а кои ќе ни послужат во нашите животи без разлика во која ситуација се наоѓаме. Едноставната и убава мудрост обезбедува елоквентни лекции во животот и потсетници кога ви се потребни.

 
Ви нудиме листа со најдобрите и најостроумните лекции од Буда.

1. Љубовта ги лекува сите нешта.


„Омразата не престанува со омраза, туку само со љубов; ова е вечното правило“.

2. Не ве дефинира она што го велите, туку она што го правите.


„Еден човек не се нарекува мудар бидејќи постојано зборува; туку поради тоа што е мирен, полн со љубов и бестрашен“.

3. Тајната на доброто здравје е да живееш целосно во сегашноста.

„Немојте да потоните во минатото, не сонувајте за иднината, сконцентрирајте го умот на сегашноста.

4. Кој гледа внатре, е буден.


„Начинот не е во небото. Начинот е во срцето“.

5. Зборовите имаат моќ да лекуваат и да повредат.

„Зборовите имаат моќ и да уништат и да излекуваат. Кога зборовите се вистински и љубезни, тогаш тие можат да го променат светот.

6. Пуштете го и ќе биде ваше засекогаш.


„Ги губите работите за кои се држите цврсто“.

7. Никој не може да го изоди патот за вас.

„Никој не може да нè спаси освен самите. Сами мора да го изодиме патот“.

8. Среќата никогаш не се намалува ако ја споделувате.


„Илјадници свеќи можат да се запалат од една свеќа, а животот на таа свеќа нема да се скрати. Среќата никогаш не се намалува ако ја споделувате“.

9. Бидете љубезни со сите.

„Бидете нежни со младите, сочувствувајте со возрасните и бидете толерантни со слабите и грешните. Во еден дел од вашиот живот ќе се сетите дека сте биле сето тоа.

10. Не верувајте во сè што ви рекле.

„Не верувајте во нешто затоа што сте го слушнале. Не верувајте во нешто само затоа што луѓето зборуваат и шпекулираат за тоа. Не верувајте во нешто само затоа што го пишува во верските книги. Не верувајте во нешто само затоа што го кажале вашите наставници и родители. Не верувајте во традициите бидејќи се дадени од постарите генерации. Но после долго набљудување и анализа, кога ќе пронајдете дека нештото е разумно и добро, прифатете го и живејте со тоа“.

11. Како што мислите, такви и ќе бидете.

„Ние сме такви какви што сме поради нашите мисли. Ако човек зборува со лоша мисла, тогаш страдањето ќе го следи постојано во неговиот живот. Ако човек зборува со добра мисла, тогаш во неговиот живот постојано ќе има среќа.

12. Ослободете се од стравот.

„Целата тајна на постоењето е да немате страв. Никогаш не плашете се од тоа што ќе станете, и не зависете од никој. Само тогаш, во моментот кога ќе ја одбиете помошта, ќе бидете ослободени.

13. Вистината има свој начин на кој секогаш излегува надвор.


„Три работи не можете да ги криете долго: сонцето, месечината и вистината.

14. Контролирајте го вашиот ум или тој ќе ве контролира вас.


„За да уживате во добро здравје, за да донесете среќа во семејството и мир за сите, мора да го контролирате и дисциплинирате вашиот ум“.

15. Сомнежот разделува. Довербата обединува.

„Нема ништо поужасно од сомнежот. Сомнежот ги разделува луѓето. Тоа е отров кој ги уништува пријателствата и односите. Тоа е трн кој иритира и повредува, тој е меч што убива“.

16. Никој повеќе не ја заслужува вашата љубов отколку вие самите.

„Можете да го пребарате целиот универзум за да најдете некој што ќе биде најзаслужен за вашата љубов, но таа личност нема да ја најдете никаде. Вие, лично, најмногу ја заслужувате вашата љубов“.

17. Да ги знаете другите е мудрост, а да се знаете себеси е просветлување.

„Подобро е да се освоите себеси отколку да освоите илјада битки. Тогаш победата е ваша. Не може да ви ја земат ниту ангелите, ниту демоните, ниту рајот, ниту пак пеколот“.

18. Духовноста не е луксуз, туку неопходност.

„Исто како што свеќата не може да гори без оган, така и човекот не може да живее без духовен живот“.

19. Заменете ја љубомората со восхит

„Не бидете љубоморни на другите добри квалитети, туку восхитувајте им се и обидете се да ги добиете и вие“.

20. Барајте мир во себеси.

„Мирот доаѓа однатре“.

21. Ослободете се од зависноста кон друг човек.

„За да живеете несебичен живот, мора да продолжите како самостоен човек“.

22. Избирајте ги пријателите мудро.

„Неискрениот и лош пријател е полош и од дивиот ѕвер; ѕверот може да му зададе рана на вашето тело, но лошиот пријател може да му зададе рана на вашиот ум.

23. Не постои начин до среќата. Среќата е патот.

„Не постои пат кој ќе ве одведе до среќата. Самата среќа е патот“.

24. Откажете се од етикетите

„На небото не постои разлика меѓу исток и запад; луѓето ги создаваат разликите во нивните умови и потоа веруваат дека тие се вистина“.

25. Сакајте. Живејте. Простете.

„На крајот овие работи се најважни: Колку добро сте сакале? Колку целосно сте живееле? Колку длабоко сте простиле?“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот