X
 06.01.2019 Образование

Пет нешта што ги научив на факултет, а што направија разлика во мојот денешен живот

Има една изрека која вели: Деновите се долги, но годините се кратки. Ова се чини особено точно кога ќе се осврнете на студентските години.

Ова се пет нешта кои авторката и атлетичарка Кели Лафи ги научила додека студирала, а направиле разлика во нејзиниот сегашен живот.

1. Управување со времето и како да побарате помош

Студентите атлетичари мораат да воспостават баланс меѓу долгите вежби и викендите за време на кои се оди на натпревари. Тоа што бев дел од тим во мене ја влеа важноста на приоритизирањето и на дисциплината. Исто така ме научи како да побарам помош. Јас и моите соиграчи дававме сѐ од себе да трчаме добро и да имаме добри резултати на факултет. Барањето совет е важна компонента на растот.

2. Важноста на тимската работа и на пријателството

Да се биде дел од тим значи дека треба да работите со различни видови на луѓе за да исполните заедничка цел. Истите тие вештини на соработка и лидерство се бесценети во денешниот свет. Лентата на универзитетот исто така ми даде животни пријателства и мрежа на луѓе кои можат да го разберат моето студентско искуство.

3. Не ограничувајте се

На крајот на четвртата година една ноќ останав будна и работев на мојата теза. Подоцна на вежбите дознав дека целиот тим мора да трча дополнително уште една милја. Откако не ми дозволија да трчам следниот ден, започнав со загревањето и бев толку уморна што се сопнав и си ги одрав колената. Сфатив дека најлошото е зад мене и решив да дадам сѐ од себе, па застанав на стартната линија. Имав најдобро време во мојот живот. Речиси секој ден помислувам на ова искуство бидејќи секогаш има причина да не направите нешто. Често нашето однесување е најголемата бариера за искористување на нашиот потенцијал.

4. Вие сте вашиот најголем адвокат

За малку ќе се откажев среде прва година кога сфатив дека моето време не беше доволно брзо за да се квалификувам. Наместо тоа, разговарав со главниот тренер за моите фрустрации. Заедно одлучивме да пробам да се префрлам од средно на долго растојание. Наместо да го напуштам тимот, станав успешна атлетичаркa. Ако во вас има страст за нешто, најдете начин како да направите да функционира.

5. Сѐ се случува со причина

Ова можеби е најклише лекција, но осврнувањето на моето искуство од студентските денови прави да размислувам реално за причините и ефектите и да сфатам дека рутинскиот живот со мешавината од несигурност и радост на крајот може да доведе до позитивни лекции.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование