X
 21.03.2020 Живот

Полициски час во Македонија! Забрана за движење од 9 навечер до 6 наутро

Во Македонија се воведува полициски час со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Премиерот Оливер Спасовски вечерва на прес-конференција соопшти дека на седница на Владата донесена е одлука за воведување најрадикални мерки со цел да се заштити здравјето на граѓаните од коронавирусот.
Оваа мерка за првпат е воведена во Македонија на целата територија.


- Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час). Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден. Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата – рече Спасовски.

Тој потенцираше дека веќе ништо не е исто и дека животот е радикално променет во цел свет.


Ова се одлуките од вечерашната седница на Владата:


- Да се забрани движење на населението во временски период од 21:00 до 06:00 часот, а со цел спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19 и заштита на населението.
Од оваа забрана се исклучуваат лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош/животно загрозувачка состојба/лица на дијализа, исклучуво во придружба на најмногу две лица. Доколку поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полицка придружба, дополнително ќе се евидентира и ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција, преку приложување на медицинската документација по завршувањето на медицинскиот преглед.

- Директорите на јавно здравствените установи ќе изготват список на вработени лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го дистрибуираат до Министерството за внатрешни работи или друго министерство/установа, со цел изготвување на специјални пропусници/легитимации за лицата кои ќе можат да се движат вон рестриктивните часови. Со тоа Министерството за внатрешни работи ќе има комплетен увид за временскиот период кога овие лица ќе се движат.


- Да се ограничи бројот на дежурни аптеки на територијата на градовите и да се назначат од Министерството за здравство или Агенцијата за лекови-МАЛМЕД или Фондот за здравствено осигурување, одреден број на аптеки кои ќе дежураат во рестриктивниот период, а во исто време да бидат локациски поврзани со дежурните здравствени институции. Пристапот до дежурните аптеки че биде достапен за лицата кои биле на преглед.

- Се забранува движење на возила од јавен превоз од 21:00 до 06:00 часот.

Да се организира меѓуградскиот и јавниот превоз со ограничување на капацитетот за превоз на патници за 50 проценти во возилото или со задолжително одржување на растојание од најмалку 2 метри меѓу патниците и исклучиво со користење зашттна опрема, ракавици и маска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот