Деведесетгодишниот Шунтаро Таникава e добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата - СВП за 2022 година. Таникава е најзначајниот жив јапонски поет и вториот јапонски лауреат во Струга, по Макото Оока во 1996 г.
Toj е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот и најиновативниот поет од Јапонија. чии дела се преведени на многу јазици во светот. Автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено многубројни книжевни признанија, во Јапонија и во странство. Неговите песни се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници и мас-медиумите - соопштуваат од СВП.
Наградата „Мостови на Струга“, која од 2004 се доделува за најдобра дебитантска збирка на автор под 35 години, ја доби Италијанецот Џерардо Мазучо (1991) за поетскиот првенец „Еден човек живеел тука“. Книгата наскоро ќе биде преведена на македонски јазик во издание на СВП.
фото: веб-старница на СВП