Милионерот, бизнисмен и кандидат за градоначалник на Чикаго, Вили Вилсон, најавил планови за подарување гориво на граѓаните.
- Веруваме дека треба да бидеме одговорни кон нашите соседи, ние што може да си го дозволиме - изјавил Вилсон пред новинарите.
Тој планира да им подели на граѓаните гориво вредно еден милион долари в сабота, 23 април. Горивото ќе се дели на локации во округот Кук кои допрва треба да бидат објавени.
Ова е третпат како Вилсон дели гориво во последните неколку недели. Тој делел гориво двапати во март на околу 50 станици во градот и околината. Вилсон е кандидат за градоначалник за изборите во 2023 година.
Тој се кандидирал и пред три години, кога завршил на четвртото место, а победила Лори Лајтфут.
Извор:
NBC
Насловна фотографија:
Wikipedia