X
 23.03.2020 Технологија

Чеси имаат предлог за редуцирање на економското влијание на коронавирусот

На „Фејсбук“ се појави објава која им го привлече вниманието на многумина поради тоа што нуди потенцијално решение за контрола над коронавирусот и намалување на неговото влијание врз економијата. Не станува збор за медицинско решение, туку за технолошко во кое би се користело предвидувачко тестирање. За некои луѓе ова е спорно поради тоа што користи лични податоци, но за некои е одличен предлог.

Ова е објавата на Филип Доушек.

„Како можеме да го намалиме влијанието на коронавирусот врз економијата за сто пати?

Преку претворање на една земја во таргетиран карантин управуван од податоци. Користејќи предвидувачко тестирање.

За една недела го развивме и го лансиравме ова решение во Чешка, учејќи од Јужна Кореја, Тајван и други.

За една недела нашата волонтерска група „Covid19cz“ доби 1.500 data/IT/HW ентузијасти, научници и креатори на политики. Во основата на решението е активен кол-центар за следење.

Како функционира:

Секој што е заразен е интервјуиран од оператор за да се следат неговите претходни контакти. Операторот ја користи нашата Мемори мапа, во која се вклучени податоци од телекомуникациските компании, од банките, историја на локации на телефон и други извори за да му се помогне на пациентот да се сети на контактите и местата каде што бил. Со дозвола на корисникот и во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР).

Новите сомнителни случаи потоа се повикани по СМС да се тестираат.

Веќе го прошируваме ова - повеќе извори на податоци, мобилни апликации итн.

Системот беше лансиран за една недела, вклучувајќи го тука и неопходното вонредно озаконување и поставувањето на кол-центарот.

Спакуван е и може да се префрли во други земји.

И тука ни е потребна помош.

Ако не го споделиме ова со другите земји, нема да го победиме вирусот.

Помогнете ни да го претставиме ова решение глобално.

Како?

- Ве молиме споделете ја оваа објава.

- Имате ли контакти со влади надвор од Чешка? Поврзете нѐ.“


Дали ова може да помогне во борбата против коронавирусот?

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија