Првпат по една деценија се зголемија светските трговски бариери.
По преговорите во Брегзит се воведоа американски тарифи за увоз на челик и на алуминиум. На тој начин се создадоа поопасни бариери за меѓународната трговија.
Со оглед на тоа што политиките околу трговијата постојано се менуваат, вреди да споменеме кои се најголемите светски извозници во меѓународната трговија.
Секоја земја е рангирана врз основа на најновите податоци од Светската трговска организација за 2017 година, а земјите што имаат помалку од 20 милијарди американски долари за извоз целосно се исклучени од листата.
Кина е на првото место. Таа извезува 2,26 билиони долари во текот на една година, но мора да се земе предвид и фактот дека државата има популација од 1,4 милијарда жители.
Фото:
howmuch.net
Германија, најголемиот извозник на автомобили, извезува стока во вредност од 1,45 билион долари речиси секоја година и покрај тоа што во неа живеат само 83 милиони луѓе.
Извозот на САД изнесува 55 билиони долари во 2017 година, а 4,800 долари по
жител.