X
 21.04.2023 Живот

И „југото“ било луксузно, но само за извоз: Брошура за францускиот пазар ќе ве изненади

„Југото“ дефинитивно испиша историја во поранешните југословенски земји и за многумина овие автомобили се едни од најубавите спомени од детството. И додека во еден момент ова возило беше сеприсутно во Југославија, беше и нејзин значаен извозен производ.

Како најпознат модел од поранешната автомобилска историја, произведен пред 42 години (првиот примерок симболично излегол на 29 ноември 1980 година, на Денот на Републиката), бил исклучително популарен, а како најголем се памети извозот за САД со речиси 150.000 продадени примероци.

Некои го сакале, други го мразеле, но сигурно никогаш не се сметал за луксузен автомобил. Меѓутоа, сега на социјалните мрежи кружи брошура од моделот од 80-тите години за францускиот пазар.

Наводно, „југото“ за извоз било подобро склопено, а на списокот со стандардна опрема биле и појасите на задните седишта, заедно со потпирачите за глава.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот