Во 2015 година „Мајкрософт“ ги зголеми придобивките за новопечените мајки и татковци, па вработените добија можност да имаат најмалку 12 недели целосно платено боледување по раѓањето на нивното дете. Денес, една објава на „Линкдин“ покажа дека оваа компанија, вредна 817 милијарди долари, не се плаши да стане и малку слатка кога кажува што може да направи за новите родители. Всушност, компанијата го испратила писмото директно до новородениот син на Дејвид Ертел, кој работи во канцелариите на „Мајкрософт“ во Охајо.
Во писмото се нагласува и партнерството меѓу „Мајкрософт“ и „Ат Ворк“, непрофитна организација посветена на помагање на лица со
попреченост.
Ова е писмото што од „Мајкрософт“ го испраќаат до новите родители:
„Драго ... (име),
Додека ти се подготвуваше за светот, ние го го подготвувавме светот за тебе.
Ти си најважното нешто за кое работевме - иднината.
Во прилог ти испраќаме специјални подароци кои ги одбравме само за тебе. Кутијата за добредојде е склопена од „Ат Ворк“, непрофитна организација чија мисија е да им помогне на лицата со попреченост да бидат продуктивни, интегрирани и членови кои ќе придонесуваат за нивните заедници. Еден од нашите омилени подароци е ќебето „Нани енд Вебстер“. Не само што ова ќебе ќе те топли, туку и сиот профит од ќебињата е за поддршка на добротворните организации за деца. Те молиме подели ги овие подароци со твоите родители.
Кажи им на твоите родители да се запознаат со одличните бенефити што ги нуди „Мајкрософт“.
Со нетрпение очекуваме да те гледаме како растеш и да видиме што ќе постигнеш“.