X
 21.07.2024 Живот

Интервју со министерот за култура, за успехот на Марија Башеска-Стојановска, студиските програми на Филолошкиот факултет... Што пишуваме неделава?

Интервју со министерот Зоран Љутков: „За поголеми вложувања во културата, ќе се одвојува по еден денар од акцизата за дизел-горивата“

Ќе ја ресетираме целата култура. Ќе обезбедиме нови и дополнителни 750 милиони денари вложувања во културата годишно со одвојување 1 денар од акцизата на дизел-горивата. Овие средства ќе се наменат исклучиво за програмски активности и капитални инвестиции во културата. Со тоа ќе обезбедиме нови 3 милијарди денари за културата во периодот 2025-2028 година, вели министерот за култура Зоран Љутков.

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ се нудат дваесетина јазици како изборни, а во земјава најмногу недостига наставен кадар по германски јазик

Студентите што завршуваат на Филолошкиот факултет, можат да бидат наставници, преведувачи, толкувачи, но и да работат во областа на маркетингот, новинарство, меѓународни организации, како проект-менаџери, како лектори и многу други профили, вели проф. д-р Калина Малеска, продекан за настава на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

По скалилата на успехот со Марија Башеска-Стојановска: „Си се восхитувам на храброста што ја имав да застанам и на цел глас да зборувам за една мала популација“

Марија Башеска-Стојановска е сертифициран толкувач на знаковен јазик. Сите ја препознаваат особено по нејзината долгогодишна работа во МРТ. Разговараме со Марија за нејзините почетоци, студентски денови, амбиции во младоста и нејзините актуелни предизвици.

Издвојуваме

Живот