X
 21.08.2019 Забава

Старменот на „Тесла“ направи круг околу Сонцето

Во февруари минатата година „Спејс Екс“ го лансира „Тесла Роудстерот“ во вселената, заедно со куклата наречена Стармен.

Според страницата за следење на леталото, Старменот оттогаш пропатувал 1,2 милијарда километри и комплетирал целосен круг околу Сонцето.

Фото: WhereIsRoadster

За орбитирањето биле потребни 557 дена, што е доволно долго за радиото на „Роудстерот“ да ја отсвири „Space Oddity” на Дејвид Боуви 151.887 пати.

Старменот моментално е 298 милиони километри подалеку од Земјата, но во ноември 2020 година тој ќе се приближи поблиску и потоа куклата ќе биде подалеку од Земјата до 2047 година, под претпоставка дека „Роудстерот“ ќе ги преживее сите можни катастрофи на кои може да наиде во длабочините на вселената.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава