X
 07.06.2024 Живот

Лани во Македонија се родиле 16.859 бебиња, најмногу во август

Лани во Македонија се родиле 16.859 деца, од кои живородени се 16.737, а мртвородени 122, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на живородените деца во 2023, во споредба со претходната 2022 година, е намален за 7,4%.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 50,9%, односно на 100 живородени женски деца 103,6 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца имало во месец август, односно 1.558.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,0 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај прворотките 28,1 година. Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.

Во 2023 година се регистрирани 14 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Вонбрачни живородени деца се 2.056 или 12,3% од вкупниот број на живородените деца.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот