X
 13.11.2023 Образование

УКЛО учесник на австриската конференција „Вештини за иднината – Зајакнување на компетенциите преку кариерно насочување“

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола преку свој претставник зеде учество на Конференцијата под наслов „Кои вештини се потребни за во иднина - Зајакнување на компетенциите преку кариерното насочување“. Конференцијата се одржа на 9.11.2023 година во Виена и беше организирана од Еврогајденс Австрија.

Како единствен претставник од Македонија, свое учество зеде и д-р Гоце Маркоски, советник за кариера, алумни доживотно учење при УКЛО и одговорен за работата на Центарот, а воедно и Еврогајденс амбасадор на НАЕОП.

1

На самата конференција, акцентот беше ставен на потребата од адаптирање на вештините за кариерно водство и кариерно советување која се јавува како резултат на длабоката трансформација на пазарот на труд поттикната од технолошкиот напредок и автоматизацијата. Што доведува до потреба од изградба на одржлива и исполнета програма за кариерно водство и кариерно советување.

Настанот е дел од Европската година на вештини, која има цел да даде нов поттик на доживотното учење, да ги поддржи иновациите и конкурентноста и да ги вреднува сите вештини и знаења.

3

На конференцијата беа опфатени и теми како: Разумно користење на искуството - експертиза и совети за луѓето во доцната фаза на вработување, Дали сме подготвени за кариерното водство и кариерното насочување за Европа во иднината? Како да се развијат вештини за иднината согласно потребите на пазарот на труд. Исто така, на конференцијата беше разговарано и за новите совети за образование и кариера насочени кон перспективите со зелените работни места!, како и за Процена на трансверзални вештини и компетентност во кариерното насочување.

uklo

Настанот е дел од Европската година на вештини, која има цел да даде нов поттик на кариерното насочување, да ги поддржи иновациите и конкурентноста и да ги вреднува сите вештини и знаења.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование