X
 28.08.2015 Образование

Студентка преку "еBay" си ја продава дипломата

Многу студенти не се задоволни со работата по дипломирањето, но една поранешна студентка ја покажа својата фрустрација различно од своите „колеги“.


Имено, Стефани Ритер, поранешна студентка, ја продава својата диплома на „eBay“ откако ја пронашла во својата соба за време на средување. Иронично, парите ѝ се потребни за враќање на студентски кредит.

- Мислев дека ова парче хартија вреди многу, но се покажа дека не е точно. Работам исти работи како и лица без дипломи или луѓе кои се откажале во првата година од студиите, а згора на тоа отплаќам и кредит за студирањето - вели Стефани.


Инаку, таа дипломирала во 2011 година, а сега работи како асистентка. Ова е показател дека проблемите со вработувањето се присутни и подалеку од Македонија, па дури и во САД.

Стефани ја продава својата диплома за 44.00 евра. Со својата диплома, таа го подарува и целосното студентско искуство, односно нуди пристап до сите нејзини студентски спомени.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование