01.02.2020
Култура
Иво Андриќ 30 години ја чекал љубовта
Вистински доказ за постоењето на вистинската љубов е љубовната приказна на Иво Андриќ и Милица Бабиќ. Балканскиот нобеловец цели 30 години ја чекал токму Милица за да ја сподели целата своја љубов заклучена длабоко во срцето со неа.
Андриќ бил човек кој љубоморно ги чувал сите свои животни тајни, а својата љубов кон Милица ја опишал во своите дела, претставувајќи ја по име Јелена.
Својата осаменост, борбата со здравствените проблеми, проблемите со пишувањето - сè победувал сам, не сакајќи ниту една друга женска рака покрај себе, чекајќи ја само својата сакана.
Својата сакана Милица, која била 17 години помлада од него, Иво ја запознал кога ја почнувала својата новинарска кариера. Уште во првите мигови бил фасциниран од неа, но љубовта не смеела да стане јавна поради нејзиниот брак.
Милица била сопруга на неговиот пријател Ненад, па единствено можел да комуницира со неа преку писма, во кои ѝ се обраќал како на најсакана пријателка. Во писмата пишувале за своето заедничко потекло, истите интереси, ги анализирале прочитаните дела. Писмата првпат биле испратени во 1939 година, а си ги разменувале измачувачки 30 години.
До смртта на Ненад тие постојано ја играле оваа пишана љубовна игра, играјќи си истовремено и со своите срца и трпението. По смртта на Ненад во 1957 година, тие стапиле во брак, а токму тогаш во своите дела тој открил дека Јелена не е измислен лик, туку тоа е неговата сегашна сопруга.
Бракот не го спречил Иво да се однесува како палаво заљубено момче, ниту неговите 66 години, па продолжил да ѝ пишува писма на својата сакана, да ѝ се додворува и да ја потсетува дека секогаш ја сака помалку од утре. Таа била единствената жена во неговиот живот, најважниот сегмент, муза и вечна инспирација.
Но нивната љубовна среќа траела кратко, па Милица по долго боледување го напуштила овој свет во 1968 година, оставајќи го повторно сам со својата бескрајна љубов.
Оваа платонска љубов, која чекала цели 30 години да се реализира, е вистински показател како наивната љубов знае да донесе повеќе животна радост и задоволство.