X
 22.01.2019 Образование

Утре во школо

Утре ќе почне второто училишно полугодие. Од Министерството за образование и наука информираат дека тоа важи за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Република Македонија.

– Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, второто полугодие од учебната 2018/2019 година почнува на 23 јануари 2019 година – информираат од Министерството.

Почетокот на второто полугодие во училиштата беше одложен за два дена поради големото загадување на воздухот.

Подготвил: Н.Б.З.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование