X
 22.01.2022 Образование

Едноставни трикови за подобра концентрација при учењето

Испитите се во тек на речиси сите факултети. Во овој период е особено важно да останете концентрирани за да научите подобро. „Студентски“ открива неколку техники кои може да ви помогнат да ја подобрите концентрацијата за време на учењето.

Вработете го мозокот - дупло

Сите сме читале нешто додека истовремено сме размислувале за нешто сосема трето. За да го одбегнете ова сценарио, ангажирајте го мозокот да прави нешто друго додека читате. На пример, запишувајте белешки, подвлекувајте битни реченици и слично.

Направете листа од работи што не треба да ги правите

Сите прават листи со работи што мора да ги завршат за да бидат продуктивни но истиот ефект може да се добие и со различен вид листа. Кога ќе забележите што треба да направите во одреден ден, запишете ги и негативните навики кои би сакале да ги одбегнете. Првиот чекор е да го препознаете она што ви создава проблеми. На листата може да се најде и користењето на мобилен телефон.


Фото: Pixabay

Правете нешто друго

Доколку никако не можете да се концентрирате, не губете време седејќи и размислувајќи за тоа како нема да го положите испитот. Направете пауза од 15 минути и одморете. Одете на прошетка, вежбајте или слушајте музика. По кратката пауза ќе бидете освежени и помотивирани, а можеби и ќе добиете нова идеја.

Уште една корисна активност е медитацијата. Медитацијата има многу добри страни за физичкото и психичкото здравје. Влијанието на медитацијата е поголемо кога таа се практикува континуирано, но таа делува веднаш на концентрацијата. Обидете се да не размислувате на ништо барем неколку минути и опуштете се додека дишите длабоко. Со тоа ќе се смирите и полесно ќе се фокусирате на она што е најважно во материјалот за учење.

Извор. Studentski
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование