X
 09.03.2022 Здравје

Нова методологија за класификација за ковид-19 со низок, среден и висок ризик, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести предлага нова методологија за процена и следење на епидемиолошкиот ризик од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

- Новата методологија на процена и следење на епидемиолошкиот ризик ќе се применува врз основа на следните индикатори: број на новооткриени случаи во последните 7 дена на 100.000 жители, број на хоспитализации во последните 7 дена на 100.000 жители и процент на исполнетост на здравствени капацитети во последните 7 дена - се вели во информацијата од Комисијата за заразни болести по денешниот состанок.

Според овие параметри, се предлага епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво.

- На ваков начин сметаме дека според објективни показатели, ќе може навремено да се проценува ризикот и да се реагира соодветно во двете насоки, и за олабавување и за заострување на мерките - информира Комисијата за заразни болести.

Овој предлог од Комисијата за заразни болести доаѓа по зголемување на бројот на вакцинирани граѓани и граѓани кои прележале ковид-19, а поголем дел од инфекциите поминуваат асмптоматски или со благи симптоми.

- Во светот во последните неколку недели фокусот околу ковид-19 се поместува од вкупниот број на новооткриени случаи кон бројот на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем - се вели во информацијата од Комисијата за заразни болести.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје