X
 22.02.2022 Живот

Просечната нето-плата за декември е 29.943 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29.943 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот месец изнесува 44.711 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105,8.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање (13,1%), градежништво (12,6%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,1%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (10,4%), финансиски дејности и дејности на осигурување (9,1%) и градежништво (7,6%) - истакнаа од ДЗС.

Фото: ДЗС (printscreen)

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105,9.

- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање (12,9%), градежништво (12,5%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,8%). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: дејности во врска со недвижен имот (9,9%), финансиски дејности и дејности на осигурување (9,4%) и рударство и вадење камен (7,4%) - се наведува во соопштението.

Фото: ДЗС (printscreen)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот